Church finder

Св. Ѓорѓи

Лазарополе, MK

Orthodox

History

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лазарополе — главна селска црква во дебарското село Лазарополе. Црквата го зазема средишното место во селото, а за нејзината грандиозност придонесува бедемот со кој е опкружена. Бедемот започнува од спојот со камбанаријата, па продолжува сè до влезната врата од западната страна на црквата. Нејзин ктитор бил општественикот, кнезот и големопоседникот од Лазарополе Ѓурчин Кокалески (1775-1863), кој во неа имал свој престол. Погребан е во дворот на црквата до олтарот по барање на народот. Црквата е прогласена за споменик на културата во 1997 година од страна на Министерството за култура на Македонија.

From Wikipedia, CC BY-SA

Other churches near Лазарополе, MK